Граѓаните имаат можност во наредните шест месеци да ги заменат своите стари автомобили со нови од типот дачија сандеро. Ова е новата акција на автомобилската компанија Дачија", чијашто цел е да им се овозможи на граѓаните да дојдат до нов автомобил. Половина од возилата што се возат во земјава се постари од 20 години. Тие со својата емисија на гасови се големи загадувачи на животната средина во земјава, поради што на иницијатива на екологистите, компанијата Макстил и групацијата Дуферко, за првпат стартува оваа новина. Стариот автомобил што е во возна состојба, без разлика на годината кога е произведен, ќе бидат проценет на 1.600 евра, а разликата во цена од околу 6.000 евра купувачот ќе си ја доплати и ќе вози дачија сандеро. Тој појаснува дека потоа стариот автомобил ќе биде исфрлен од сообраќајот, бидејќи во Макстил ќе биде рециклиран и неговата каросерија како старото железо ќе биде преработено во нов лим. Откупните пунктови на старите возила се во Скопје, Битола,Штип и Охрид.
Граѓаните имаат можност во наредните шест месеци да ги заменат своите стари автомобили со нови од типот дачија сандеро.
Ова е новата акција на автомобилската компанија Дачија", чијашто цел е да им се овозможи на граѓаните да дојдат до нов автомобил. Според директорот на импортерот Аутомотив груп, Кирил Калеников, половина од возилата што се возат во земјава се постари од 20 години. Тие со својата емисија на гасови се големи загадувачи на животната средина во земјава, поради што на иницијатива на екологистите, компанијата Макстил и групацијата Дуферко, за првпат стартува оваа новина.
- Стариот автомобил што е во возна состојба, без разлика на годината кога е произведен, ќе бидат проценет на 1.600 евра, а разликата во цена од околу 6.000 евра купувачот ќе си ја доплати и ќе вози дачија сандеро - вели Калеников.
Тој појаснува дека потоа стариот автомобил ќе биде исфрлен од сообраќајот, бидејќи во Макстил ќе биде рециклиран и неговата каросерија како старото железо ќе биде преработено во нов лим. Откупните пунктови на старите возила се во Скопје, Битола,Штип и Охрид. Калеников смета дека со оваа акција ќе се обнови возниот парк во земјава и ќе има поголема безбедност во сообраќајот, помалку штетни гасови, ќе се троши и помалку гориво, а граѓаните ќе имаат и помали трошоци за одржување на возилата.
- Слични вакви акции се организираат и во земјите од регионов. Идејата да се направи такво нешто и кај нас ја подготвуваме подолго време по урнекот на Германија - вели Калеников.
За Калеников оваа акција е еден вид продолжување на иницијативата на Владата за увозот на стари возила, бидејќи тие ќе бидат од повисок стандард за разлика од оние што досега се користат во сообраќајот.
Претставникот на Макстил, Нове Георгиевски, смета дека со акцијата неговата компанијата ќе си обезбеди нова суровина.
- Се надевам дека акцијата ќе биде прифатена, а ние старото железо ќе го преработиме во согласност со европските стандарди, без загадување на животната средина - вели Георгиевски.
Професорот Миле Димитровски од Машинскиот факултет не само што ја подржува оваа акција туку ги повика и другите автомобилски компании да го сторат истото. За Елизабета Симоновска-Илиевска од НВО Белс исфрлањето од употреба на старите возила е еден вид борба против климатските промени, бидејќи издувните гасови најмногу влијаат на овие промени.